Инсистирањето на Русија за повлекување на силите на НАТО од Бугарија е неприфатливо и бесмислено. Во нашата земја нема постојани сојузнички контингенти и воена опрема, изјави бугарскиот претседател Румен Радев.
Суверената одлука за такво постојано присуство или привремено распоредување и припаѓа на Бугарија, во согласност со нашите сојузнички обврски. Нашата земја не прифаќа ултиматуми од никого, додаде Радев.
Претходно премиерот Кирил Петков пред паламентот изјави дека Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана, во координација со партнерите од НАТО
Петков реагираше изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека безбедносните гаранции што Русија ги бара од Запад во однос на повлекувањето на странските војници, оружје и опрема важат и за Бугарија и Романија како две земји кои не се членки на НАТО. во 1997 година.







