Жител од беровското село Будинарци e лишен од слобода откако од својот татко изнудил 10 илјади евра, лажејќи го дека е киднапиран. Полицијата го товари М.П.(29) за кривично дело „изнуда“.
Неговиот татко Д. П. (57), вчера околу 18 часот, во надворешната канцеларија за криминалистички работи во Берово пријавил дека добил смс од телефонот на неговиот син, со која се барале 10.000 евра за М.П. да биде пуштен.
Малку подоцна,таткото пријавил дека откако ги оставил парите на наведената локација, синот се вратил дома, по што и тој бил повикан на разговор во просториите на ОВР – Берово.
Синот го признал делото, а парите се вратени на неговиот татко, се посочува во соопштението на МВР.





