Салман Ружди го изгубил видот на едното око, неподвижна му е и раката

Салман Ружди останал без видот на едното око, а неподвижна му е и едната рака по нападот со нож врз него на предавање во Њујорк пред два месеци, потврди неговиот агент, објави „Гардијан“.



Авторот на „Сатански стихови“,75-годишнот писател, кој примаше смртни закани од Иран уште од крајот на 1980-тите години беше избоден во вратот и телото додека се качувал на сцената за да одржи предавање за уметничките слободи на 12 август.

Се` досега не беа познати последиците од нападот, но неговиот агент Ендру Вајл, во интервју за шпанскиот весник Ел Паис, објаснува колку тие ќе му го променат животот на Ружди.

„Неговите рани беа прилично големи, но исто така го има изгубено видот на едното око. Имаше три сериозни рани на вратот. Една од рацете му е неподвижна бидејќи нервите во неговата рака биле пресечени. Има уште околу 15 други рани на градите и телото. Тоа е брутален напад“, изјавил агентот Вајл.