Салиу: Според пописот, само Роми умираат, а никој не се родил

Лидерот на Демократските сили на Ромите Шабан Салиу се пожали на неправилностите со последниот попис и на намалувањето на бројот на ромската заедница и покрај големиот наталитет што го имаат.
„Со ова е направен силен егзодус и бројката е намалена наместо според очекувањата да биде околу 80.000.Беше направен политички попис за потребите на некои други на штета на ромската заедница, во интервјуто за „Република“.
„Вака излегува дека 20 години не се родило ниту едно ромско бебе а наталитетот кај ромската заедница е висок. Излегува дека само Роми умираат а никој не се родил-посочува Салиу за „Република“.