Салиу: Големото лицемерие во расправата околу минималната плата на работниците

„Големо лицемерие иницираат луѓе, кои никогаш не живееле со 12 илјади денари месечно и кои не знаат како е да се хранат децата со минималната плата“ – вели новинарот Фуркан Салиу во својата објава на фејсбук, која ја пренесе информативната агенција на албански јазик ИНА.



Салиу пишува: „Измените во правилата од страна на Владата немаат големо влијание врз бизнисите, кои го држат работникот без здравствено осигурување, кои го пријавуваат на минимална плата, не му плаќаат прекувремена работа, затајуваат данок и се обидуваат да заработат 500 проценти на секој производ. Минималната плата не треба да ги алармира бизнисите дека животот поскапе.“

„Државата не треба да го потсетува бизнисменот, кој поседува приватна фирма, дека неговиот вработен со платата што ја добива може да ја плати само сметката за струја. Уште потрагично е што ова големо лицемерие го иницираат луѓе, кои никогаш не живееле со 12.000 денари месечно и не знаат како е да се хранат децата со минимална плата.“

„Ајде, да појдеме заедно во секое село, во секоја населба и да ги прашаме тие храбри мажи и жени, кои не го напуштаат своето место за ништо на светот, како им е секој месец!“
• •