Министерот за здравство Беким Сали тврди дека три модуларни клиники биле изградени на сомнителен начин и според него затоа бил прекинат проектот.
Сомневања во квалитетот на градбата на модуларнните болници изразија експерти по катастрофалниот пожар во тетовска болница во која за неколку минути по избувнување на пожар изгореа 14 пациенти кои се лечеа од ковид и членови на нивните семејства.
Експерти: Неотпорни на пожар и без противпожарен систем – Модуларните болници не се безбедни
„Три модуларни клиники градени во Бутел, Лисиче и Ѓорче Петров останаа во статус кво.
Тие се изградени, но има забелешки во однос на анексот.
Според процената на нашите експерти има дискутабилни прашања и не сме го продолжиле проектот.
Ја разгледавме и видовме ситуацијата. Консултираме експерти за да го решиме овој проблем“, изјави синоќа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 министерот за здравство Беким Сали.






