Сали Бериша најави протестно „цунами“ против Еди Рама

„Застрашувачки и гигантски цунами доаѓа против премиерот Еди Рама, во 20 часот, сите заедно во Тирана, Рама заминува, Победа“ напиша поранешниот албански премиер Сали Берича на Фејсбук во пресрет на протестот на опозицијата закажан за вечерва.



Протестот доаѓа по минатонеделните лоикални избори во земјата кои беа поништени од претседателот на Албанија Илир Мета и бојкотирани од опозицијата и на кои, со само 21% излезност ладејачката Социјалистичка партија воспостави контрола над речиси сите општини во земјата

Властите во Тирана ги преземаат неопходните мерки да ги обезбедат албанската влада, парламентот и Министерството за внатрешни работи.

За бзбедноста се ангажирани меѓу 1.300 и 1.500 полицајци, како и припадници на Националната гарда на Албанија.