„Улогата на техничкиот премиер-Албанец е формално-техничка и без посебна политичка тежина, а можеби само исполнува политичко-национален фолклор на таканареченото ‘албанско создавање политики’. Ќе мора и техничкиот премиер-Албанец да ‘плива’ во државната политика, која е унитаристичка и која дише во духот на македонскиот народ, а не во духот на * Македонија како држава на повеќе етнички заедници. Неколкумесечното албанско раководење со Владата ќе биде уште една можност да се украде нешто од општествената сопственост и ново зголемување на нервозата и манипулирањето. Тоа ќе биде уште едно разочарување на народот.“ – вели Нуман Салаи, советник во Министерството за образование и наука, во својата колумна со наслов „Техничкиот премиер, следното разочарување!“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
Салаи пишува: Кон крајот на јануари идната година веројатно веќе ќе ја имаме формирано таканаречената техничка влада, 100-дневна. Предизборната влада, според Договорот од Пржино и согласноста на партиите на власт, за првпат ќе има премиер- Албанец. Тоа мораше да биде чекор напред во политичко-државните односи на мултиетничкото општество. Ова не може да се негира и можеби треба да се поздрави. Да, Албанец според националноста, но колку може да биде албанско неговото „дишење“!?
Тоа е прашање за кое воопшто не треба да се разговара, врз основа на функционирањето на претходните влади. Ќе се труби на гласно за големото достигнување на албанската политика, но учеството на припадниците на другите етнички заедници во јавните функции не донесоа и не донесуваат никаков напредок во граѓанската и националната рамноправност. Бидејќи тие се принудени да „пливаат“ во унитаристичката политика.
Во стварноста повеќеетничкото општество на оваа држава никогаш не се одразуваше во државната политика. Државната политика постојано дишеше со духот на македонскиот народ, а не со духот на * Македонија, како држава на многу етнички заедници.
Од оваа гледна точка, улогата на техничкиот премиер е формално-техничка и без посебна политичка тежина, а можеби само исполнува политичко-национален фолклор на таканареченото албанско создавање политики.
Албанците од * Македонија во последните три децении имаа значителен број луѓе кои вршеа јавни функции, но немаа едногласни претставници, кои ќе го претставуваат вистинскиот интерес на Албанците. … не ги носат етничките имиња на функционерите, тоа го носи вистинскиот државен систем. За тоа може да одлучуваат само луѓе со исти принципи и исти мислења во застапувањето.
Оние кои го гледаат преземањето на власта како можност да украдат нешто од општествената сопственост никогаш не можат да изградат здрав и праведен човечки систем. Затоа и неколкумесечното албанско раководење со Владата ќе биде уште еден статичен серијал, броење места … еден плус повеќе во зголемувањето на нервозата и на манипулирањето. Тоа ќе биде уште едно разочарување на народот.





