Сакала да го убие сопругот со отров во кафе

Јавното обвинителство одреди мерка притвор за 39 годишна струмичанка која осомничена дека се обидела да го отруе сопругот со кафе во кое ставила отров.



„Осомничената 39-годишна жена, на 07 јуни, во семејниот дом во село Иловица, се обидела на подмолен начин да го лиши од живот нејзиниот сопруг. Кога сопругот побарал да му свари кафе, таа во филџанот ставила течно средство хербицид „моносан херби“, го помешала со кафето и му го дала да го испие. Оштетениот го испил кафето, излегол во дворот и паднал во бессознание“, соопштија од Јавното обвинителство.