Сакала да биде фризерка – ја предложија во Комисија за хартии од вредност

Лилјана Делиџакова, сестрата на обвинителката на СЈО, Катица Јанева лани од Агенцијата за вработување добила пари од програмата за самовработување за – фризерски салон.



како што објави МКД.Мк, Делиџакова била прва на списокот на селектирани кандидати за самовработување од избраните кандидати од Гевгелија.

Сега Владата предлага сестрата на Јанева да биде избрана за заменик претседателка во Комисијата за хартии од вредност.

„Владата на РМ во изборот на предлог за имиња на членови на Комисијата за хартии од вредност, се водеше по принципот кој од кандидатите има соодветно професинално искуство“ – стои во кусата изјава за „Фокус“.

Делиџакова порано работела во Царина.