Во средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ денеска со почеток во 10 часот требаше да се одржи квалификациски испит за упис во прва година.
Во првиот уписен рок за професија медицинска сестра на настава на албански јазик, каде што се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број бодови се пријавени 166 ученици.
Но учениците и нивните родители бараат да бидат примени сите пријавени ученици, односно, формирање на уште две паралелки.
Денеска, тестирање треба да се изврши и во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, каде има 34 места односно една паралелка, а со исти бодови се пријавени 39 ученици, како и во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, здравствена струка – медицинска сестра на македонски наставен јазик, каде за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максимални (75) бодови.






