Судија во американската сојузна држава Колорадо во петокот му дозволи на поранешниот претседател Доналд Трамп да остане во трка за претседателските избори следната година, јавува Ројтерс.



Во исто време, тој пресуди дека републиканскиот фаворит бил вклучен во немирите – нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година од неговите поддржувачи.

Одлуката на судијката Сара Валас, која речиси сигурно ќе биде обжалена, го отфрли предлогот на група гласачи во Колорадо за дисквалификување на Трамп според ретко користениот амандман на американскиот устав со кој им се забранува на државни службеници вклучени во „немири“ да извршуваат федерална функција.

Судијата утврди дека, како претседател, Трамп во тој момент не бил „ на служба во САД“ со што би бил дисквалификуван.

Гласачите се обидуваат да го искористат 14-тиот амандман на американскиот устав, кој им забранува на службениците кои учествувале во „востание или бунт“ да извршуваат јавна функција, за да тврдат дека Трамп нема право да се кандидира за претседател во 2024 година.

Амандманот бил ратификуван во 1868 година по крајот на граѓанска војна во Америка.