Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ вели дека во никој случај не би се кандидирал за местото премиер доколку актуелниот АСндреја Пленковиќ биде избран за ген-сек на НАТО по заминувањето на Столтенберг во октомври.
Лицитации: И Пленковиќ кандидат за наследник на Столтенберг
„Ништо од тоа, никогаш“- вели Милановиќ пренесува Индекс.хр.
За Пленковиќ како иден ген-сек на Алијансата Милановиќ вели дека „Тој живее за тоа, живее да се паркира некаде, многу го интересира и тоа“.
„Ако оди за генерален секретар, супер, ќе биде некој од Хрватска. Но, генералниот секретар не може многу. Ова е операција за паркирање на Андреј Пленковиќ“, вели Милановиќ кој сепак е скептик дека Пленковиќ ќе биде наследник на Столтенберг.
Милановиќ уште еднаш ја демонстрираше нетрпеливоста меѓу двајцата:
„Целата кариера на Пленковиќ е да му забие нож во потколеницата на тој што му помогнал, но јас го поддржувам тоа, со целото мое срце, или барем со една кожичка“, рече Милановиќ.







