„Во изјава за бугарската телевизија БТВ Азем Садики, градоначалник на Студеничани, побара да се расветли вистината за оваа трагедија со 45 – те загинати во автобуската несреќа во Бугарија, поради сомнежите кои се појавија во јавноста, со цел, како што рече, вакви трагични случаи да не да се повторат.“ – објави телевизијата на албански јазик ‘Клан – Македонија.“
„Клан – Македонија“ ги пренесе зборовите на Садики од изјавата за БТВ:
„Ќе има големи последици, ако не се реши оваа трагедија до крај. Луѓето веќе не веруваат во владеење на правната држава, во институциите. Се надеваме дека и Бугарија, како земја – членка на ЕУ, ќе го истражи случајот правично. Ова е е барање на семејствата и од нас, како Општина Студеничани: сакаме да ја дознаеме вистината.“





