Досегашниот градоначалник на Лондон, Садик Кан, доби уште еден мандат. Кан, кој е од редовите на Лабуристичката партија го победконзервативен ривал Шон Бејли, пренесе АФП.
Садик Кан стана првиот градоначалник-муслиман на една западна метропола кога за прв пат беше избран во 2016 година.
Вториот мандат го освои со нешто повеќе од 1,2 милиони гласови.
Во говорот по победата, Кан рече дека за време на неговиот втор мандат, тој ќе се фокусира на „градење мостови меѓу различни заедници“ и меѓу канцеларијата на градоначалникот и владата.






