Администрацијата на американскиот претседател eо Бајден преговара со „Фајзер“ за откуп на уште 500 милиони вакцини „Ковид-19“ што ќе ги донираат во посиромашните земји, јавува Блумберг.
Договорот се очекува да биде официјално објавен во наредните денови, пред меѓународниот самит за Ковид-19, свикан на маргините на Генералното собрание на ОН.
Американската влада уште во јуни вети дека ќе донира 500 милиони дози од вакцинатана преку Ковакс: 200 милиони дози ќе бидат донирани оваа година, а останатите 300 милиони во првата половина на 2022 година.
Тие ќе одат во 92 земји, меѓу кои сите земји -членки на Африканската унија.







