САД загрижени за ставот на Радев дека „Крим е руски“

Изјавата на новоизбраниот бугарски претседател, Румен Радев, дека Крим е руски, предизвика длабока загриженост во САД, се вели во соопштението на америкнската амбасада во Софија.



Амбасадата додава дека САД, Г-7, Европската Унија и НАТО отсекогаш биле јасни и единствени во ставот дека и покрај обидот на Русија да го припои и актуелната окупација, Крим е украински, пренесуваат бугарски медиуми

Сите, вклучително и Бугарија, на Самитот на Кримската платформа во август годинава изјавија дека Крим е составен дел на Украина и дека не ги признаваме и нема да ги признаеме обидите на Русија да ја легитимира илегалната окупација и окупација на полуостровот.

Американската Амбасада во Бугарија во последните неколку дена ја изрази својата длабока загриженост пред бугарските власти, како во Вашингтон, така и во Софија.