САД загрижени за правата на македонското малцинство во Бугарија

Заменик помошникот на Државниот секретар на САД, Габриел Ескобар вели дека американската амбасада во Софија работи на решавање на прашањата со прекршување на човековите права на македонското малцинство во Бугарија.



Копретседавачка со конгресната група за пријателство со Македонија и македонско-американската заедница, истакна дека постојат 16 пресуди од страна на Европскиот суд за човекови права во однос на нарушување на правото на собир на македонското малцинство во Бугарија.

Таа побара од Ескобар да одговори што прави администрацијата на САД да осигура дека Бугарија, како НАТО членка, ги исполнува нејзините обврски во однос на заштита на човековите права, пренесе Гласот на Америка.

„Нашата амбасадорка во Софија, заедно со нејзините европски партнери, работи на терен да осигура дека овие проблеми ќе бидат адресирани. Нашето партнерство со европските партнери е засновано на вредности, не само на заедничкиот интерес, туку и на споделените вредности и сè што ја нарушува таа врска е причина за голема загриженост за нас“, одговори Ескобар.