„Тезата за труењето што е презентирано од германските лекари, создава потреба руските власти веднаш да спроведат истрага, целосна и транспарентна“, изјавил американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан.
И американскиот дипломат број два, Стивен Биган, кој рече дека е „длабоко загрижен“ за здравјето на Навални и за влијанието на неговото наводно труење врз граѓанското општество во Русија.
Официјален Кремљ вчера оцени дека германските лекари набрзина констатирале дека Навални е отруен..
„Анализите на нашите доктори и анализите на Германците се целосно согласни. Но, заклучоците се различни. Ние не го разбираме брзањето на германските колеги”, рече портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Намерното труење на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални не е од корист за руското раководство, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија






