Американската амбасадорка во Скопје открива дека меѓу Македонија и Бугарија се водат разговори за кои јавноста нема детали.
Соединетите Американски Држави се задоволни од разговорите меѓу Македонија и Бугарија, напиша на нејзиниот профил на Твитер американската амбасадорка во нашава земја, Кејт Брнз по средбата со премиерот Зоран Заев.
“Гледаме позитивен пат напред и задоволни сме од тековните разговори меѓу Бугарија и С. Македонија за да се придвижат напред евроинтеграциите на С. Македонија” , вели Брнз во нејзината објава на Твитер.
At a meeting with @Zoran_Zaev, I emphasized that we value our bilateral partnership with North Macedonia and want to see EU accession talks as quickly as possible.
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) May 26, 2021
На состанокот, како што соопштија од Владата, е реафирмирано партнерството меѓу Македонија и САД, a истакнати се и пораки за континуиран напредок во реформите и во борбата против корупцијата.
Констатирано е дека политиките на дијалог отвораат перспективи за нашата држава и за целиот регион, а Соединетите Американски Држави, како што е соопштено, се заинтересирани за позитивни процеси во регионот.
Во таа насока е пренесена поддршка од САД за натамошен напредок на Македонија, по НАТО – и во процесот на европските интеграции. При тоа е изразена заедничка согласност дека е време да продолжи проширувањето на ЕУ, коешто ќе значи охрабрување за целиот Западен Балкан, заедно со НАТО перспективите, државите од регионот да продолжат да се развиваат според демократските вредности.
Од владата не соопштија за какви разговори зборува Брнз, дали се работи за нови средби на преговарачот Бучковски или Брнз е задоволна од разговорите за кои јавноста е веќе информирана.






