САД: Возел брзо, му дошла казна од 1,5 милиони долари

Извесен Конор Като кој бил фатен дека наместо 90 км/ч возел околу 145 км/ч, добил казна од која се шокирал.



Тој на дом,ашна адреса добил известување за казната што не го изненадило, но за малку ќе паднал кога ја видел висината на казната – еден милион и 480.000 долари.

Со оглед на огромната сума, се обратил до надлежниот суд но оттаму ладно му рекоа да ја плати казната или да се појави на рочиштето.

На крајот, сепакј се испоставило дека во прашање била софтверска грешка во системот за печатење казни.

Като на крајот ќе плати казна од околу 1.000 долари…