По големата потрага во американската сојузна држава Илиноис  по 23-годишниот Ромео Ненс, осомничен за убиство на осум лица во градот Џолиет, на околу 56 километри од Чикаго, тој е пронајден – мртов.



По пресметката со полицијата во близина на градот Наталија, Тексас масовниот убиец извршил самоубиство.

Засега не е познат мотивот за убиствата, но осомничениот ги знаел своите жртви, соопштија полициските службеници во изјава за медиумите.

Првата жртва, 28-годишен маж со потекло од Нигерија, кој живеел во САД во последните три години, бил застрелана од осомничениот во неделата попладне од лично возило.

Следното утро, полициските службеници пронашле пет тела во куќата во која живеел осомничениот, а потоа уште две тела во куќата спроти улицата, со што бројот на жртви се искачи на осум.

За последните седуммина убиени, чии тела се пронајдени во две куќи, полицијата смета дека се членови на исто семејство.

Ден Џанглс, началникот на полицијата во округот Вил, рече дека сè уште не е познато колку долго луѓето во домовите биле мртви пред да бидат пронајдени.