Извесен Доналд Сантини (65) бил уапсен минатата недела во Јужна Калифорнија, откако поминал речиси 40 години во бегство.
Во 1984 година, тој ја задавил Синтија Синди Рут Вуд во Флорида.
Сантини три пати бил најбараната личност во Америка – во 1990, 2005 и 2013 година – и останал на таа листа се додека полицијата минатиот месец не го доби неговото барање за пасош.
Судија нареди да биде задржан без кауција поради ризик од бегство.
Четириесет години Сантини живеел под името Велман Симондс недалеку од Сан Диего, во малиот град Кампо со 3.000 жители.
Живеел во куќа каде што поставил камери за надзор и бодликава жица.
Често се појавуваше на јавни собири, а соседите го сметале за столб на заедницата.
Сите останале вчудоневидени од веста за неговото апсење, како и од фактот дека Сантини има 65 години бидејќи се претставувал како 80-годишник.
Во март 1990 година, тој се оженил и добил ќерка, која по апсењето била убедена дека нејзиниот татко не можел да го направи она за што е обвинет.







