Претседателот Џо Бајден вчера побнарал неговата администрација да нарача уште 100 милиони дози на анти-коивид вакцината „Џонсон и Џонсон“, со што ја најверојатно САД ќе создадат вишок на дози, во време кога голем дел од остатокот од светот се бори со голем недостиг на вакцини.
Веќе неколку месеци сите вакцини што се произведуваат во САД се наменети само за употреба во земјата. Бајден ги отфрли повиците од сојузниците да сподели дел од вакцините, пренесува Независен
САД има доволно одобрени вакцини до средината на мај за покривање на секој возрасен и доволно за 400 милиони луѓе вкупно до крајот на јули.
Доволни дози за покривање на 200 милиони повеќе луѓе се нарачани доколку вакцините од „АстраЗенека“ и „Новавакс“ добијат одобрение од Администрацијата за храна и лекови.
Новите дози на „Џонсон и Џонсон“, за уште 100 милиони луѓе, се очекува да бидат доставени во втората половина на годината.






