Американската амбасада во Приштина денеска соопшти дека САД изразуваат поддршка за трансформацијата на косовските безбедносни сили во косовска војска, која ќе има територијален одбранбен мандат, како суверено право на Косово.
„Овие закони не донесуваат моментална промена на структурата, мисиите или операциите на силите, но претставува почеток на практичен проект за креирање банери, мултиетничка армија која може да функционира со НАТО, која им служи на сите косовски заедници во согласност со десетгодишниот план за транзиција на косовската влада“ се наведува во соопштението.
Од амбасадата на САД ја повикуваат косовската влада да ја продолжи својата блиска координација со НАТО сојузниците и партнерите, како и да се вклучи во информирање и допирање до малцинските заедници.
Генералниот секретар наНАТО, Јенс Столтенберг, веднаш по гласањето во косовскиот парламент изрази жалење поради одлуката на Собранието на Косово да ги усвои законите за создавање косовска војска.
Во соопштение издадено по одлуката на косовското Собрание, Столтенберг го повтори ставот на Алијансата дека иако таа поддржува траснформација на Косовските безбедносни сили, сега е „погрешно време“ за такво нешто.





