САД со оклопни возила ќе го засилуваат „источното крило“ на НАТО во Бугарија

Соединетите Држави ќе достават во Бугарија оклопни возила од типот „Страјкер“ за зајакнување на борбената група во источното крило на НАТО. Оваа борбена група е под команда на Врховниот сојузнички командант Европа а Софија ќе предложи нејзиниот командант да биде Бугарин.



Ова го соопшти премиерот Кирил Петков на заедничкиот брифинг со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој е во посета на Софија, пренесоа медиуми

„Сакам да му се заблагодарам на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин што покажа вистинска сојузничка поддршка за Бугарија во овој критичен момент во светот“, рече бугарскиот премиер.

„Разговаравме за тоа што можеме да направиме за зајакнување на источното крило на НАТО. Разговаравме за нашата соработка“, рече тој.

Тој, исто така, изрази благодарност што Бугарија прави вистински и видливи напори да се справи со бранот бегалци од Украина во воен конфликт.

Сепак, Бугарија останува цврста дека нема да испраќа оружје во Украина.