САД со нови напади врз Јемен, Британија му се закани на Иран

САД извршија нови напади врз цели на Хутите во Јемен, еден ден откако првиот удар предизвика масовни протести во главниот град Сана.



Нападот извршен од нопсачот на авиони „УСС Карни“ рано утринава и беше насочен кон радарска локација на бунтовниците Хути како продолжение на нападите од 12 јануари.
Целта е да онеспособат  Хутите да напаѓаат бродови“, се вели во соопштението на американската војска на Твитер.

Хутите во Јемен се поддржани од Иран, а САД го обвинија Иран дека е „длабоко вклучен во планирање операции против комерцијалниот брод во Црвеното Море“ по нападите на Хутите врз бродовите кои се во тек од ноември.

Синоќа британскиот министер за одбрана Грант Шапс упати предупредување до лидерите во Техеран.

„Морате да ги натерате бунтовниците Хути и другите да дејствуваат како ваши полномошници, како либанскиот Хезболах, што е очигледен пример, и некои организации во Ирак и Сирија, да престанат и да се откажат бидејќи нам, на светот, му снемува трпение“,  изјави тој за „Телеграф“.