Пакетот помош од повеќе милијарди долари за Украина од американската влада нема да биде готов барем до следната недела, јавува Гардијан
Претседателот Џо Бајден побара од Конгресот да испрати 39,8 милијарди долари економска, хуманитарна и безбедносна поддршка за Киев.
Конгресмените во Претставничкиот дом се согласија да го сторат тоа, а предлог-законот, кој е речиси 7 милијарди долари поголем од пакетот што го побара претседателот, ќе биде усвоен брзо.
Но, во четвртокот, републиканскиот сенатор Ренд Пол се спротивстави на, како што рече, „подарок за Украина“ и го блокираше брзото гласање, велејќи дека на пакетот му е потребно контролно тело за следење на трошењето.
Пол, претставник на сојузната држава Кентаки во Сенатот, често не се согласува со надворешно-политичките одлуки и редовно се противи на испраќање долари за војни во странство во кои САД не се вклучени.
„Не можеме да ја спасиме Украина со тоа што ќе ја осудиме американската економија“, рече тој пред гласањето.
Предлог-законот најверојатно ќе се преиспитува на редовна основа на почетокот на следната недела….







