САД се повлекуваат од Авганистан по 18 години војна

Соединетите држави и претставниците на авганистанските талибанци потпишаа мировен договор во главниот град на Катар, Доха, кој треба да стави крај на најдолгата американска војна.



Договорот го потпишаа американскиот специјален претставник Залмај Калилзад и политичкиот шеф на Талибанците, Мула Абдул Гани Барадар.

Пред потпишувањето на договорот, во заедничката изјава од владите на САД и Авганистан се вели дека доколку Талибанците ги исполнат своите обврски, САД и Северноатлантската алијанса (НАТО) ќе ги повлечат сите свои трупи од Авганистан во наредните 14 месеци.

Исто така, беше речено дека во наредните 135 дена Вашингтон ќе го намали бројот на американски трупи во Авганистан на 8.600.

Авганистан ќе побара Советот за безбедност на ОН да ги отстрани сите членови на движењето Талибанци од списокот на санкционирани.


Откако ќе се потпише договорот, во Авганистан – земја која е во војна по американските бомбардираат како одговор на нападите од 11 септември 2001 година, се очекува на завладее мир.