Две од најголемите американски телефонски компании привремено ќе го одложат воведувањето на 5G околу одредени аеродроми во САД, јави Ројтерс.
Целта е да се избегне потенцијалниот хаос од кој стравува воздухопловната индустрија.
AT&T и Verizon денеска требаше да ја активираат новата технологија за ултрабрз мобилен интернет во земјата.
Но, вопонеделникот, десет големи американски патнички и карго авиокомпании ги предупредија американските власти на опасност од хаос поради претстојното лансирање на 5G.
Постои загриженост во Федералната управа за воздухопловство на САД од можни пречки помеѓу фреквенциите што ги користи 5G и опрема која се користи при слетување на авионите во одредени временски услови.







