САД изврши воздушен напад против Исламска држава во источен Авганистан по терористичкиот напад во Кабул во кој загинаа 13 американски војници и десетици Авганистанци, јави Гласот на Америка.
Цел на нападот бил организаторот на терористичките напади, но името на „мастермајндот“ не се споменува.
„Прелиминарните податоци покажуваат дека ја елиминиравме целта. Немаме информации за жртви меѓу цивилното население”, се вели во соопштението на американската Централна команда.
Не е ни експлицитно наведено дали погубениот исламист е виновникот за терористичкиот акт на аеродромот во Кабул, но некои медиумски извештаи тврдат дека станува збор за него.
Во соопштението се наведува дека нападот врз ИД се случил во провинцијата Нангархар, источно од Кабул, со беспилотно летало.
Во четвртокот, претседателот Џо Бајден најави дека Соединетите држави ќе ги гонат одговорните за крвавиот напад во Кабул и дека издал наредба Пентагон да ги ликвидира терористите.
„На оние што го извршија овој напад, како и на секој што ѝ посакува зло на Америка, знајте го ова: нема да простиме. Нема да заборавиме” изјави Бајден. бројот на жртвите од двата самоубиствени напади во Камул надмина 200.







