Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден планира да ѝ продаде на Украина четири беспилотни летала MQ-1C Grey Eagle, кои можат да бидат вооружени со ракети „Hellfire“, објави Ројтерс.
Сепак, продажбата на беспилотни летала,може да биде блокирана од Конгресот, што би можело да го попречи планот кој се разгледува во Пентагон.
Администрацијата на Бајден има намера да го извести Конгресот за можната продажба на дронови на Украина во наредните денови.
MQ-1C Grey Eagle може да остане во воздух до 30 часа во зависност од неговата мисија и може да собере огромна количина на податоци за разузнавачки цели. Тие можат да носат до осум ракети Hellfire.







