Американскиот министер за енергија, Рик Пери, ја обвини Русија дека во снабдувањето со енергија гледа средство за постигнување на своите цели и побара да престане да ја користи енергијата како оружје.



„Ние веќе не смееме да му дозволиме на Кремљ да ја користи енергијата како оружје“, изјави Пери при последната посета на Будимпешта, говорејќи за двата гасоводи чија изградба е во тек.

„Русија го користи проектите за гасоводот Северен поток-2 и за Турски поток”, за да ја зајакне контролата над Централна и Источна Европа“, изјави американскиот министер за енергетика.

Пери вели дека „САД се категорично против овие проекти“ и ја повика Унгарија да ги отфрли.

Министерот за енергија на САД е на турнеја низ земјите од Источна Европа. Американската администрација на Доналд Трамп активно ги повикува земјите на ЕУ да го зголемат увозот на течен гас од САД

Рик Пери претходно повторуваше дека американскиот течен гас би можел да стане дополнителен извор на снабдување на ЕУ со „сино“ гориво.

Според податоците на Европската комисија, течниот гас од САД е за 30 отсто поскап од рускиот кој се транспортира преку гасовод.

Проектот за гасоводот „Турски поток“ преку кој треба да се транспортира руски гас преку дното на Црното Море е во напредна фаза. Преку првиот крак од гасоводот Турција ќер добива 15,75 милијарди кубни метри гас, а вториот е предвиден за снабдување на земјите од Балканот (Бугарија, Србија) и Централна Европа, потсетува БГНЕС.

Аналитичарите го нарекуваат овој проект и „мини Јужен поток“, бидејќи ќе се движи по маршрутата на проектот „Јужен поток“, кој беше суспендиран на 1 декември 2014 .