Само неколку часови биле потребни властите да ги откријат остатоците од паднатиот невидлив – „стелт“ – борбен авион Ф-35 кој „исчезна“ откако пилотот се катапултираше поради „несреќа“, јави Ен-Би-Си њуз
Останки од авионот беа откриени во понеделникот вечерта околу два часа североисточно од заедничката база Чарлстон, воздухопловна база во Северен Чарлстон, Северна Каролина, соопштија официјални лица, без да дадат дополнителни детали.
Властите ги откриле остатоците од т.н. невидлив авион вреден 100 милиони долари во руралниот округ Вилијамсбург, североисточно од базата Чарлстон.
Пилотот паднал со падобран на безбедно во населбата Северен Чарлстон, а засега не е познато што ја предизвикало несреќата.






