Полицијата пронашла седум тела, меѓу кои и на исчезнатите малолетнички, на приватен имот на маж за кого се водело истрага околу исчезнувањето на две тинејџерки.
Телата се пронајдени на имот во градот Хенриета, Оклахома, јави Си-Ен-Ен.



Властите во понеделникот издадоа предупредување за исчезнатите, 14-годишната Ајви Вебстер и 16-годишната Британи Бруер, а во тој контекст го споменале извесниот Џеси Л. Мекфејден (39), регистриран сексуален престапник.

Тинејџерките последен пат биле видени вчера рано наутро во Хенриета, а властите рекоа дека можеби биле во возилото со Мекфејден.

Засега нема официјални резултати од идентификацијата на седумте пронајдени тела, но верува дека меѓу нив се и исчезнатите тинејџерки.

Според полицијата, нивните семејства се информирани за развојот на настаните.

Седумте тела биле пронајдени на имотот во кој живеел Мекфејден.