Нема шанси за дипломатија додека се води воена агресија, се лансират ракети, има тенкови на улиците и се убива, соопшти Нед Прајс, портпарол на Стејт департментот
Тој укажа на скептицизам во однос на пораката на Москва за преговори со украинското раководство.
„Ако претседателот Путин е сериозен за преговори, треба да запре веднаш со агресијата, да ја деескалира ситуацијата и да ја врати назад војската“, изјави Прајс на брифинг за новинарите.
Рече дека не е прашање местото каде би се одржале такви преговори, туку условите во кои тие се побарани.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски го прифати повикот но побара евентуални преговори да се одржат во Варшава, а не во Минск како што бараат од Кремљ.






