САД преговараат со Катар за снабдување на Европа со гас!?

Соединетите Држави преговараат со Катар и други големи извозници на природен гас за план за итно снабдување за Европа, пишува Ал џезира



Мерката доаѓа во случај на руска инвазија на Украина, откако разговорите меѓу Вашингтон и Москва претходно оваа недела забележаа мал напредок.

Тоа ги засили стравувањата од недостиг на испораки на природен гас во Европа.

Американскиот претседател Џо Бајден, од своја страна, овој месец во Вашингтон ќе разговара со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани.

Минатата недела Меѓународната агенција за енергетика објави дека Русија ја прекинала испораката на гас за Европа во време на геополитичка тензија.

Кремљ негира дека ја ограничува испораката на гас во Европа за политички цели.

Стравувањата се дека евентуален конфликт може да доведе до уште поголем недостиг на гас, што пак може да доведе дури и до недостиг на електрична енергија.