Почина уштен еден Афроамериканец откако при обид за апсење бил застрелан од полицаец.



Полициски службеници реагирале по повик од ресторан за брза храна во центарот на Атланта во петокот вечерта од каде се пожалиле дека автомобил го попречува патот.

Полицајците го пронашле 27-годишниот Рејшард Брукс како спие автомобилот кој го попречувал сообраќајот.

Полицајците утврдиле со алкотест дека Брукс е во алкохолизирана состојба и се обиделе да го приведат, но тој давал отпор. Еден од полицајците се обидел да употреби електрошокер, но Брукс успеал да побегне со него.

Додека бегал еден од полицајците стрела кон него неколку куршуми.

Брукс бил хоспитализиран, но лекарите не можеле да го спасат. Еден од полицајците, исто така, бил повредени и му била укажана медицинска помош, но не е соопштено за тежината на неговите повреди.

На видео снимка објавена на социјалните мрежи се гледа како Брукс на земја крај својот автомобил се бори со двајца полицајци. Иследниците рекоа дека оваа снимка ќе биде вклучена во истрагата.

На неа се гледа дека Брукс го зграпчил електрошокерот од едниот полицаец а по неколку секунди им се истргнува на полицајците и почнува да бега. Еден полицаец потоа врз него го употребил својот електрошокер по што излегуваат од кадарот на камерата. Потоа се слушаат истрали и извици „Го имам“.

На снимката потоа се гледа како Брукс лежи на земјата.

https://youtu.be/29kj9uQtCUM