Производството на вакцина на британско-шведската фармацевтска компанија AstraZeneka во фабрика во Балтимор, САД е стопирано.
Причина е грешка при производството поради што морало да бидат уништени 15 милиони дози вакцини Johnson& Johnson кои исто така се произведувале во компанијата Emergent BioSolution, пишува „Фокс Њуз“.
Компанијата на биотехнолошката компанија Emergent BioSolution во иднина ќе се занимава со производство само на едно компонентна вакцина на Johnson & Johnson, со цел да се спречи мешање на компонентите на вакцините.
Одлуката уследи откако стана познато дека Emergent BioSolutions, кој соработуваше и со AstraZeneca и со Johnson & Johnson, случајно мешаше состојки од двете различни вакцини, принудувајќи ги регулаторите да го одложат одобрувањето на производните линии за фабриката.
AstraZeneca изјави дека ќе соработува со американските власти за да се најде алтернативно место за производство.







