Американската држава Конектикат ослободи од вина 12 лица осудени за вештерство пред речиси 400 години, за време на колонијална Америка. Единаесет беа обесени по судењата за вештерство во Конектикат во средината на 17 век, а еден беше поштеден.
Пратениците во Конектикат донесоа резолуција прогласувајќи ги за невини и осудувајќи ги казните изречени против девет жени и двајца мажи како „правосудни грешки“.
Одлуката на Конектикат доаѓа во пресрет на 376-годишнината од првото бесење за вештерство во Нова Англија.
Стотици луѓе, главно жени, беа обвинети за вештерство во Нова Англија во 17 век, помеѓу 1692 и 1693 година.







