Американските авиокомпании откажаа речиси 1.000 летови во саботата (25-ти декември), втор последователен ден, бидејќи зголемениот број на инфекции со Ковид-19 предизвикаа недостиг на пилоти и други членови на екипажот, објави „Ројтерс“.
Вчера, за Божик беа откажани на домашните лини вкупно 957 летови за Божик, и 690 на Бадник
Речиси 2.000 летови се одложени.
Во недела се очекуваат уште стотина откажани летови.
За Божиќните празници обично е зголемен авиосообраќајот, но брзото ширење на Омикрон доведе до нагло зголемување на инфекциите со Ковид-19, принудувајќи ги авиокомпаниите да ги откажат летовите бидејќи пилотите и екипажот мора да бидат ставени во карантин.







