САД: Откако призна војна, Путин да се повлече од Украина

Соединетите Држави на потсмев го повикаа рускиот претседател Владимир Путин да се соочи со реалноста и да ги повлече своите војници од Украина, откако тој конечно го нарече конфликтот во Украина „војна“.



„Од 24 февруари, САД и остатокот од светот знаеја дека ‘специјалната воена операција’ на Путин е неиспровоцирана и неоправдана војна против Украина. Конечно, по 300 дена, Путин ја нарече војната со нејзиното вистинско име“, соопшти Стејт департментот.

„Како следен чекор во признавањето на реалноста, го повикуваме да стави крај на оваа војна со повлекување на своите сили од Украина.

Без оглед на терминологијата на Путин, „руската агресија против нејзиниот суверен сосед резултираше со смрт, уништување и раселување“.

„Народот на Украина несомнено не наоѓа утеха во тоа што Путин го кажува очигледното, ниту десетици илјади руски семејства чии роднини загинале борејќи се во војната на Путин“.