Осум членови на едно семејство, меѓу кои пет малолетни, бле пронајдени мртви од прострелни рани во нивниот дом во средата. Трагичниот инцидент се случил во гратчето Енох Сити, град со население од околу 8.000 жители, јави Ројтерс.



Полицијата била повикана во домот за да провери, откако долго време немало никакви знаци за семејството. Униформираните службеници открија тела на тројца возрасни и пет малолетни лица.

Полицијата соопшти дека по крвавата трагедија нема непосредна закана за јавноста.

Започната е истрага по сторителот.