САД одобри нафта од Венецуела да се испорачува на Европа

Италијанската Eni SpA и шпанската Repsol SA добија дозволи за извоз на нафта од Венецуела – која е под американско ембарго – во Европа објави Ројтерс.



Агенцијата од свои извори дознава дека дека европските компании веќе во јули би можеле да почнат да снабдуваат нафта од Венецуела за да ја заменат руската нафта.

Според една од нив, обемот на нафтата ќе биде мал, а нејзиното влијание врз светските цени ќе биде скромно.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се надева дека венецуелската нафта ќе ѝ помогне на Европа да ја намали зависноста од Русија.

Но, „зеленото светло“ на Вашингтон за обновување на одамна замрзнатата нафта од Венецуела во Европа може да испрати симболичен сигнал до венецуелскиот претседател, Николас Мадуро.

„Друга цел е да се убеди Мадуро да ги продолжи политичките разговори со венецуелската опозиција“, објави Ројтерс.

Минатата недела Европската унија одобри ембарго на руската нафта. Целосен прекин на испораките се очекува да се изврши во рок од 6-8 месеци.