САД одложија продажба на 20.000 пушки на Израел!?

Администрацијата на Бајден повторно го одложи давањето дозвола за продажба на повеќе од 20.000 пушки М16 од американско производство на Израел.



Одложувањето на продажбата е поради загриженоста за насилството на доселениците на Западниот Брег и наводната можност израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир да ги вооружува израелските доселеници на Западниот Брег, јавуваат медиуми.

Американскиот Стејт департмент, исто така, објави дека ќе воведе забрана за патување на израелските доселеници кои покажале каква било вмешаност во нападите врз Палестинците на Западниот Брег.