САД: Од 21 јуни вакцинација на деца под 5 години против Ковид-19

Американската влада има доволно вакцини против КОВИД-19 од Pfizer и Moderna за да ја започне програмата за вакцинирање мали деца, доколку и кога ќе бидат одобрени вакцините.



Белата куќа очекува вакцинирањето за малите деца да започне на 21 јуни, доколку федералните власти ја одобрат нивната употреба во наредните недели, изјави координаторот за одговор на КОВИД-19 во Белата куќа Ашиш Џа, цитиран од Ројтерс.

Тој рече дека федералната влада ќе обезбеди 10 милиони дози вакцина на државните и локалните власти за да започнат масовни вакцини на деца помлади од пет години.

Вакцината против СОВИД-19 за деца од оваа возрасна група сè уште не е одобрена во повеќето делови на светот.