Ништо не укажува на тоа дека ракета земја-воздух го соборила авионот во кој бил лидерот на руската паравоена група Вагнер Евгениј Пригожин, соопшти денеска Пентагон.
Американската војска „нема информации дека проектил земја-воздух“ го предизвикал соборувањето на авионот во средата, изјави портпаролот Пет Рајдер.
Информациите за употреба на такво оружје се „неточни“, додаде тој.
Генералот Пет Рајдер рече дека не може да објави информации за причината за несреќата, која е предмет на секакви шпекулации. Но, Соединетите Држави мислат, „врз основа на голем број фактори, тој (Пригожин) веројатно е убиен“.
Американскиот претседател Џо Бајден кусо коментираше по „несреќата“ на авионот на Пригожин.
„Не знам точно што се случи, но не сум изненаден“, им рече Бајден на новинарите веднаш откако се појави веста за несреќата..
„Нема многу што се случува во Русија зад што Путин не стои, но јас не знам доволно за да го знам одговорот“.







