САД: Нема ни трага од убиецот од Мејн

Продолжува потрагата по напаѓачот кој уби најмалку 18 и рани 13 лица во масовно пукање што се случи во куглана и бар во градот Левистон во американската сојузна држава Мејн.



Ова е најсмртоносниот масакр во САД оваа година.

Се бара помош од јавноста а во моментов околу 350 полицајци трагаат по убиецот.

Роберт Кард, осомничениот за масакрот, е обучен инструктор за огнено оружје и армиски резервист. Поранешните колеги го опишуваат како одличен стрелец.

Семејството на Роберт Кардо изјави дека тој неодамна почнал да тврди дека слуша гласови во кугланата и барот, односно дека луѓето од тие места зборуваат за него.

За нападот се огласи и американскиот претседател Џо Бајден, кој повика на забрана за јуришно оружје.

Аналитичари за Си-Ен-Ен укажуваат дека потрагата по него ќе биде тешка.

„Тој е личност кој има воена обука. Тој има високо ниво на знаење за огненото оружје, но има и знаење за воените тактики, пред се за затајување и стратегијата да остане неоткриен. Сето ова е предизвик“, рече аналитичарот на Си-Ен-Ен Џонатан. Вокроу.