Подготовките за договор за продажба на четири дронови MQ-1C Grey Eagle на Украина се суспендирани.
Причината се стравувањата дека нивната тајна опрема за надзор би можела да падне во рацете на потенцијалниот непријател – Русија, објави Ројтерс.
Планот за продажба на беспилотните летала беше претходно одобрен од Белата куќа.
Противењето на извозот на беспилотни летала се должи на стравувањата дека радарите и опремата за надгледување на беспилотни летала може да претставуваат закана за безбедноста на САД доколку паднат во рацете на Русија.
Извори од Пентагон велат дека ова размислување било испуштено во првичниот преглед, но се појавило во преговорите на крајот на минатата недела.






