САД ги повикаа државите да се подготват за потенцијална употреба на вакцината против Ковид-19 два дена пред претседателските избори. Веста не дојде од самите САД, туку од Франција, која најави план за економските расходи по епидемијата на коронавирус, јави БГНЕС.



Земјите низ светот се борат да се пушти во оптек првата вакцина против коронавирусот, од кој досега починаа 850.000 луѓе, а заразени се повеќе од 25 милиони.

Во писмо, испратено од американскиот Центар за контрола и превенција на болести, тие побараа од државите да ја намалат бирократијата што може да спречи дистрибуција на вакцините, со наредба таа да биде целосно оперативна до 1 ноември 2020 година.

Ова им даде повод на љубителите на теориите на заговор да се сомневаат дека на два дена пред претседателските избори во САД, претседателот Доналд Трамп сака да привлече повеќе гласачи меѓу најуплашените од вирусот, за да го поддржат токму поради неговиот наводен успех да создаде вакцина против коронавирусот.

Датумот на претседателските избори е 3 ноември.
Приоритет за вакцинација ќе имаат работниците од првата линија, службениците за национална безбедност, старите лица и припадниците на ранливите расни и етнички групи, објави Њујорк Тајмс.